ДИК: По 60,59 отсто обработени гласови – СДСМ води во 49, ВМРО-ДПМНЕ во 10 општини

Според првичните резултати што доцна вчера на прес-конференција ги соопшти Државната изборна комисија, кандидатите за градоначалници на СДСМ водат во 49 општини, на ВМРО-ДПМНЕ во 10 општини, на ДУИ во 12, а кандидатите на девет други партии, коалиции и од група избирачи водат во останатите општини.

Претседателот на Државната изборна комисија Александар Чичаковски на прес-конференцијата, соопштувајќи дел од изборните резултати, оцени дека изборите поминале во фер и демократска атмосфера и оти генерално имало успешен изборен ден.

– Во текот на денот избирачките одбори во општинските изборни комисии се соочуваа со по некој технички проблем, но ДИК преку соодветни упатства ги надмина и сметам дека генерално имавме успешен изборен ден, рече Чичаковски.

ДИК во рок од 12 часа по затворањето на избирачките места треба да ги даде првичните резултати, а според најавите на Чичаковски се очекува утре околу 11 или 12 часот да излезат со првични резултати.

До еден часот по полноќ во ДИК обработени се 60,59 проценти од гласовите.

 

 

 

16.10.2017 - 08:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега