СДСМ победија во Крива Паланка, Кратово и Ранковце

 

Кандидатите за градоначалници од Коалицијата за локални избори 2017, предводена од СДСМ, според првичните резултати доставени до ДИК, остварија победа во Крива Паланка, Кратово и Ранковце на вчерашните шести по ред, локални избори во државата.

Борјанчо Мицевски од СДСМ ќе биде нов градоначалник на Крива Паланка.

-Кандидатот на СДСМ Мицевски, освои 7.059 гласа и е победник на изборите, додека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Арсенчо Алексовски освои 4.662 гласа. Мнозинството во општинскиот Совет исто така им припадна на СДСМ и коалицијата кои ќе имаат 12 советници, а пак ВМРО -ДПМНЕ освои 7 советнички места, изјави Душкo Арсовски претседател на ОИК Крива Паланка.

Излезеноста во Крива Паланка изнесува 74,92 отсто, а гласале вкупно 12.169 гласачи. Во општина Ранковце нов градоначалник ќе биде Ивица Тошевски, кој настапи како независен кандидат.

-Ивица Тошевски, независен кандидат поддржан од Коалицијата на СДСМ освои 1472 гласа, додека 958 гласа освои Роберт Симоновски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.

Советничкиот состав рамноправно е поделен на сите, по тројца советници ќе имаат ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и група изббирачи „Димитар Цветковски", иформира Даниел Крстевски, претседател на ОИК.

Излезеноста во општина Ранковце изнесува 81,64 отсто ,а гласале 2.526 гласачи. Нема приговори до ОИК и ДИК по однос и на резултатите во Кратово. 

 

 

 

16.10.2017 - 11:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега