СДСМ ќе има 39 градоначалници – еве колку општини одат во втор круг

 

Според податоците кои се уште се објавуваат на сајтот на Државната изборна комисија (ДИК), по првиот круг најверојатно ќе бидат познати градоначалници во вкупно 47 општини.

Во втор круг одат останатите 34 општини.

Покрај во Скопје, што се уште е неофицијално, СДСМ доби градоначалници во уште 38 општини низ Македонија. ВМРО-ДПМНЕ ќе има свој градоначалник во три општини, Демократската унија за интеграција (ДУИ) во две, а Демократската партија на Турците (ДПТ) ќе има градоначалник во една општина. Во две општини, во првиот круг, победија независни градоначалници.

Досега се пребројани 99,45% од гласовите.

 

 

 

16.10.2017 - 11:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега