Јанев и Лазов ќе се борат за довербата на граѓаните во вториот круг

Во Росоман ќе има втор круг гласање за локалните избори. Во вчерашниот прв кург кандидатот на СДСМ и коалицијата Бранко Јанев доби 1.338 гласа, а неговиот противкандидат Стојанче Лазов од ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери, 1.241 глас.

Според претседателот на Општинска изборна комисија (ОИК) Лазар Симоновиќ, вкупно гласале 2.711 избирачи, а излезноста е 79,50 отсто.

- Народно движење за Македонија доби 320 гласа и еден советник, ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери 1.045 гласа и четири советнички места, Левица освои 256 гласа и едно место за советник, а СДСМ и коалицијата со 945 гласа доби три советнички места, информира Симоновиќ. 

 

 

 

16.10.2017 - 13:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега