Православните денеска го слават големиот маченик - оваа молитва ќе ве спаси од неволји

 

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 16 октомври.

Денеска е Св. свештеномаченик Дионисиј Ареопагит.

Свети Дионисиј Ареопагит е родум од Атина и се спомнува во Делата Апостолски како еден од малкумината што поверуваа на проповедта на апостол Павле во Атина. За него е познато дека бил философ, а истовремено и член на највисокиот атински суд, Ареопагот, од каде и му остана името Ареопагит. Тој е и првиот атински епископ. Подоцна отишол во Галија и обратил многу од тамошните незнабошци во Христовата вера. Таму и загинал маченички, во прогонствата за време на Дометијан, кон крајот на првиот век по Христа. Со неговото име долго време се врзуваше значајниот пишан паметник Корпус Ареопагитикум, за кој денес со сигурност е утврдено дека потекнува од подоцнежно време.

Се верува дека денеска сите оние кои се наоѓаат во неволја треба преку млитва да му се обратат на Свети Диониси. Според народните верувања, важно е молитвата да има една, недвосмислена желба и доколку е благородна и искрена, светецот ќе ви помогне да се исполни.

 

 

 

16.10.2017 - 13:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега