Втор круг избори во Кавадарци и Неготино

 

Во Кавадарци и Неготино ќе се одржи втор круг од локалните избори. На вчерашното гласање кандидатот за градоначалник на Кавадарци од СДСМ и коалицијата Бетиане Китев доби 11.482 гласа, а кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Митко Јанчев 12.077 гласа.

Независниот кандидат Борис Давидов, пак, освои 271, додека Верица Арсова од ТМРО 165 гласа.

Во Кавадарци излегле 24.451 избирач, а регистрирана е излезност од 74,84 отсто. Советничката листа на ТМРО освои 705 гласа, на ГРОМ 1.707, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата 9.146, а СДСМ и коалициските партнери 10.538 гласови.

Независната листа на Ристо Сакалиев доби 1.481 глас. Во Неготино, а гласање излегле 12.549 лица, а излезноста била 78,08 проценти. Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери Златко Пенков освои 5.630, а кандидатот на СДСМ и коалицијата Тони Делков 6.455 гласа. Независниот кандидат Ѓорѓи Ајтов освои 135 гласа.

 

 

 

16.10.2017 - 13:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега