Коневски му ја честиташе победата на Златко Марин

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Аеродром, Ивица Коневски, му ја честита победата во првиот круг на противкандидатот Златко Марин, поддржан од СДСМ.

"Почитувани граѓани,
дозволете ми на крајот од овие локални избори јавно да му ја честитам победата на мојот противкандидат Златко Марин и да му посакам успешна градоначалничка кариера.
Исто така, им се заблагодарувам на сите граѓани кои осум години нѐ подржуваа, како и голема благодарност до сите мои соработници кои и во најтешките моменти останаа со мене.
Функциите се минливи, но нашите дела остануваат бесмртни, а нашите поддржувачи можат да бидат горди на тоа што го направивме изминатите два мандата.
Заминуваме со крената глава, затоа што создадовме многу за нашиот Аеродром.
Со почит,
Ивица Коневски", напиша Коневски на Фејсбук.

 

 

 

 

16.10.2017 - 13:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа