ОЈО: 30 дена притвор за четворица од приведените за нападот врз Зијадин Села

По предлог на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, судија на претходна постапка определи мерка Притвор во траење од 30 дена за четири лица кои се под истрага за сторено кривично дело Убиство во обид сторено во соизвршителство, од чл.123 во врска со чл. 19 и во врска со чл.22 од Кривичниот законик.

За петтото лице за кое обвинителството исто така предложи определување на мерка Притвор, поради влошена здравствена состојба судот дополнително ќе одлучи, информираат од Обвинителството.

 

Постапката што се води против овие лица се однесува на настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април и нападот врз Зијадин Села.​​

 

 

 

18.10.2017 - 11:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега