Хорор во скопско: Брат си ја силуваше сестрата
Вистински хорор ја потресе Македонија кога вчера во 13 часот и 30 минути во полициска станица, 26-годишната П.Н. од едно село во скопско, пријавила дека околу пладне на 16 месецов, ја силувал брат и.
Полицијата информира дека додека таа била сама во куќата, одзади и пришол нејзиниот брат, 27-годишниот Р.Н. и со рака и ја затворил устата, ја соблекол и ја силувал. После тоа и се заканил дека ќе ја убие ако каже на некого.
Во вечерните часови настанало расправија помеѓу неа, брат и и нивната мајка. По расправијата брат и физички ја нападнал, а потоа земал нож и и нанел расекотина на прстите од раката.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа