Ужас во Скопје: Рекол дека е инспектор од МВР па киднапирал девојка

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 33-годишниот Б.П. 31-годишниот Т.П. и 31-годишниот А.Б. сите од Скопје, поради тоа што киднапирале млада девојка.

Како што информираат од МВР, пријавените на 12.05. годинава околу 13 часот биле на улицата „Борис Трајковски“.  Т.П.  насилно ја внел девојката во возило во кое биле Б.П. и А.Б. и и рекле дека се инспектори од МВР додека ги молела да ја пуштат.

Потоа, пријавените во хотел во близина на Водно ја држеле оштетената до полноќ, а потоа Б.П. со мотоцикл ја однел  во близина на нејзиниот дом.

 

 

 

18.10.2017 - 14:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега