Започна вакцинацијата против сезонски грип

Метеж и редици во центрите за јавно здравје. Десетици луѓе чекаат ред за да се вакцинираат. Еден од нив беше и 67- годишниот Љупчо од Скопје. Вели оти трета година по ред се имунизира и оти поради вакцината, грипот го одминува.

Досега над 500 граѓани се вакцинирале во Центарот за јавно здравје- Скопје.

Најчесто грипот има лесна клиничка слика, но може да има и посериозни последици. Вакцината против сезонски грип се препорачува за хронично болните, особено за оние со кардиоваскуларни и респираторни заболувања и дијабетес, за бремените жени, малите деца со намален имунитет и за здравствените работници.

„Ако денеска се прими вакцината, после три недели почнуваат антителата да се подготвуваат за борба против заразната болест. Оваа вакцина заштитува цела година, и некој да се разболи од настинка, тоа не е од примената вакцина. Кога е примена вакцината нема компликации и болеста има полесни симптоми“, изјави Љуљјета Инери, специјалист епидемиолог.

Од Центарот за јавно здравје ќе работат секој ден од 8 до 18, а во сабота со 14 часот.

Вакцинирањето против сезонски грип не е задолжително, чини 400 денари. Оваа година набавени се околу 30.000 вакцини.

 

 

 

18.10.2017 - 17:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега