Денеска ја славиме заштитничката на жените - изговорете ја оваа молитва и ќе бидете спасени

На денешен ден, црквата и верниците се сеќаваат на Света Харитина, чиј живот и страдание се едни од најпотресните во целото христијанство.

Православната црква денес го слави празникот посветен на Света Харитина, ранохристијанска маченичка и светителка од 3. век. Била сираче, а во детството ја посвоил извесен Клаудиј, кој бил угледен човек и христијанин кој од мали нозе ја воспитал да ја сака таа вера.

Легендата вели дека Харитина била послушна и молчалива девојка која уште во раната младост решила да стане Христова невеста.

Некаде во тоа време, царот Диоклецијан наредил голем прогон на христијаните во кој и Харитина, иако многу млада, била фатена и изведена пред судија. Откако одбила да им се поклони на паганските божества, Харитина била страшно мачена – ѝ ја скратиле косата и врз главата ѝ истуриле жар, потоа ја врзале за тркало кое џелатите го вртеле.

Меѓутоа, девојката и понатаму останала жива, па судијата наредил да се фрли во море. На големо чудење за сите, Харитина неповредена изглела од водата, но ова не бил крајот на нејзините маки. Пакосниот судија пратил група момчиња за да ја обесчестат и да ѝ ја разнишаат верата во Бога.

Преданието вели дека тогаш кога видела дека не може да се спаси, Харитина клекнала и се помолила, а потоа починала пред да ја допре макар еден од напаѓачите.

 

Света Харитина до денешен ден се смета за заштитничка на невините и примерни девојки и жени. Се верува дека токму Света Харитина ќе им помогне денес на сите оние кои ќе се најдат во неволја. Доволно е само искрено да ја замолат и духовната помош ќе пристигне.

 

 

 

18.10.2017 - 19:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега