Грујевски и Бошковски уапсени од грчката полиција

Во Грција вчера биле уaпсени поранешните функционери во УБК, Горан Грујевски и Никола Бошковски, и двајцата обвинети од СЈО за предметот „Тврдина и Tаргет“,  за незаконско прислушување на илјадници граѓани преку злоупотреба на системите за следење во МВР и за физичко уништување на дел од таа опрема. Крај на нивното тримесечно бегство ставила грчката полиција, која постапувала по меѓународната потерница што ја објави македонското МВР,  откако во јули не ги пронајде во нивните домови за да ја спроведе наредбата на судот за мерка притвор за двајцата. 

 

 

 

19.10.2017 - 10:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега