Починал на лице место: Полицијата со детали за страшната несреќа кај Плетвар

Во текот на вчерашниот ден во 12 часот и 30 минути на регионалниот пат Градско-Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „Пежо 307“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 30-годишниот Ј.К. од Сокопје и возило „Опел Аскона“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот П.Н. од Прилеп.

Во незгодата од здобиените повреди на лице место починал П.Н., а смрт е констатирана од доктор од итна медицинска помош.

Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Прилеп.

По наредба на јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши обдукција.

 

 

 

19.10.2017 - 12:12
Фото: 
ѕид на сообраќаен срам

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега