Драма во аптека во Струга, интервенираше полицијата

Во текот на вчерашниот ден во 09 часот и 15 минути во Струга на улицата “Маршал Тито“ пред аптека, 52-годишниот Б.Н. со закана со нож од вработениот И.И.(48) од село Заграчани, се обидел да одземе седативи, по што И.И. се повлекол во аптеката и повикал полиција.

На лице место пристигнале полициски службеници од Полициска станица Струга и при преземање на службени мерки, Б.Н. се спротивставил држејќи го ножот во рака насочен кон нив и упатувајќи им сериозни закани.

Истиот е совладан и приведен во полициска станица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

19.10.2017 - 12:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега