Сеизмолошка опсерваторија со детали за низата земјотреси во Македонија

Серија земјотреси чии епицентри потекнуваат од епицентралното подрачје Пехчево - Кресна се регистрирани денеска во период од 10 до 11 часот.

Земјотресите најсилно се почуствувани во Пехчево, Берово и околината. Најсилниот бил со магнитуда од 3,1 степен по Рихтеровата скала и е регистриран во 10:27 часот, а најслабиот со магнитуда од 2 степена според Рихер во 10:54 часот.

Покрај овие два земјотреса, Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје регистрираше уште три земјотреси и тоа во 10 часот со магнитуда од 3 степени, во 10:17 часот со магнитуда од 2,3 степени и во 10:19 часот со магнитуда од 2,6 степени според Рихтеровата скала.

 

 

 

19.10.2017 - 13:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега