Измамена скопјанка: "Со златото одам во црква за да ти помогнам"

Вчера во 12 часот и 30 минути во полициска станица Гази Баба, 43-годишната М.Р. од Скопје пријавила дека истиот ден околу 10  часот од страна засега непознато женско лице била измамена и притоа била оштетена за околу 60.000 денари, откако дошла кај неа дома и продавала долна облека, по што пријавителката ја одбила.

Полицијата информира дека продавачката и побарала кафе и М.Р. и дозволила да влезе во нејзиниот дом. Откако влегла сторителката почнала да и кажува некои работи за семејството на М.Р. и и кажала дека знае да гата и барајќи и злато.

Откако оштетената и го донела златото и тоа девет златни прстени, бурма, нараквица и две обетки, сторителката и кажала дека за да ги отстрани лошите работи мора да оди во црква и дека ќе се врати за еден час, по што таа ги оставила обетките и нејзината стока, а златото го земала, заминала и не се вратила. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

19.10.2017 - 14:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега