Голем пожар во Скопје, изгореа две куќи- едно лице заврши во болница

Три куќи биле зафатени од пожар, од кои две изгореа вчера вечерта на улицата „Вера Радисављевиќ“.

Од полицијата информираат дека пожарот избувнал во куќата на 79 годишниот П.И. во момент кога тој го палел својот шпорет. Дел од собата била зафатена од пожарот, истиот го зафатил кровот и набрзо се проширил кон двете соседни куќи во сопственост на 67- годишниот Т.Т и Б.Т.

Со возило на Итна медицинска помош за Клиниката за Токсикологија бил пренесен Б.Т., но засега нема информации за неговата здравствена состојба.

На терен во гаснењето на пожарот учествувале 8 протиповпожарни возила, а полицијата увид ќе врши во текот на денешниот ден.

 

 

 

 

20.10.2017 - 10:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега