Ја нападнале и врзале со селотејп - хорор кражба во прилепско

Синоќа во Прилеп, во 4 часот по полноќ била пријавена стравична кражба на улица „Борка Талески“, во домот на 49-годишната И.Ј. соопштува полицијата.

Имено, две непознати маскирани лица влегле во куќата со нож и физички ја нападнале И.Ј., по што ја врзале со селотејп трака. Тие украле златен накит и избегале од местото.

Полицијата ги презема потребните мерки за пронаоѓање на сторителите.

 

 

 

20.10.2017 - 12:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега