Вооружени кражби во Скопје

Во текот на вчерашниот ден се случиле две вооружени кражби во Скопје и еден во Прилеп, извести полицијата во денешниот билтен.

Во 19 часот и 25 минути во СВР-Скопје 35- годишната С.С пријавила дека на булевар „Партизански Одреди“ во  аптека на „Еурофарм“ од страна на непознато лице вооружено со пиштол било извршено разбојништво, при што сторителот одзел околу 32.000 денари и го напуштил местото на настанот. 

МВР соопшти дека истиот ден, но нешто подоцна околу  21 часот и 45 минути во СВР-Скопје било пријавено дека на улица „Партизански Одреди“ во казино„Астра“од страна на три маскирани и вооружени лица со огнено оружје било извршено разбојништво над вработените во казиното, при што се одземени околу 181.500 денари, а сторителите го напуштиле местото на настанот.

Полицијата превзема мерки за пронаоѓање на сторителите.

 

 

 

 

20.10.2017 - 12:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега