Каменуван градски автобус во Скопје - жена со тешки повреди префрлена во болница

Во полицијата во Скопје, завчера околу 22 часот било пријавено дека градски автобус со број 55, кој се движива на релација Транспортен центар - село Арачиново бил каменуван од страна на неколку непознати лица, на возраст од 16 до 20 години. Притоа биле искршени две стакла на левата страна од автобусот и стаклото од задната двокрилна стаклена врата од автобусот, како и едно стакло на десната страна од автобусот. Од удар од еден од камењата, била повредена 45-годишната З.Г., која се здобила со повреди на левата аркада во вид на расекотина и крварење и веднаш потоа била префрлена во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“. По укажаната лекарска помош истата била пуштена на домашно лекување, стои во соопштението од полицијата. 

За настанот  бил известен и Јавен обвинител. Со оштетувањето на автобусот сторителите причиниле и материјална штета од околу 61.000 денари. Извршен е увид и се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

20.10.2017 - 13:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега