Малолетници нападнати кај Железничка

 

Малолетни лица на возраст од 15 и 16 години биле нападнати околу пладне на автобуска постројка под Железничка Станица-Скопје.

Вчера во 20 часот и 30 минути, 51 - годишниот З.Ф пријавил дека истиот ден околу 12 часот и 15 минути во Скопје, на булевар „Кузман Јосифоски-Питу“ на автобуска постројка под Железничка Станица-Скопје.

Во полицискиот извештај се вели дека кон неговиот 16 годишен син, кој бил заедно со неговите двајца другари на возраст од 15 и 16 години, додека чекале автобус,  се доближила поголема група од непознати лица на возраст од околу 15 до 17 години и едно од лицата почнало да го удира едниот малолетник во пределот на главата. Потоа бил нападнат и синот на пријавителот, по што напаѓачите  избегале во непознат правец.

Полицијата работи на расветлување на случајот.

 

 

 

20.10.2017 - 13:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега