Среде улица во Скопје мачено животно- го удирал со клоци и јаже по главата

Вчера пред трговскиот центар Зебра, непознато лице мачело животно среде улица.

Имено во 18 часот и 20 минути 24- годишната И.В пријавила дека истиот ден околу 16 часот и 40 минути на улица“Васил Ѓорѓов“, пред Трговскиот центар Зебра,  непознато лице мачел животно.

Во полицискиот извештај пишува дека сторителот кој бил со жена и со две деца, користел превозно средство запрежна кола со коњ, и при движењето животното паднало и колабирало на улицата, по што сторителот почнал да го удира со клоци по главата и  телото, го влечел за опаш, и го удирал со јаже по главата за да стане.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. 

 

 

 

20.10.2017 - 13:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега