Тешко повреден маж во сообраќајка со трактор во Ресен

Педесет годишен жител на ресенското село Стење е тешко повреден по сообраќајна несреќа која вчера околу 18 часот и 15 минути се случила на регионалниот пат Стење-Ресен кај местото викано „Вича“.

Од полицијата информираат дека сообраќајката се случила помеѓу трактор со прикачени две лесни приколки, управувано од З.Г. (48) од село Дрмени-ресенско, „Југо“ со ресенски регистерски таблици, управувано од 50- годишниот Ф.Д од Стење, како и „Фолксваген Голф“ со охридски регистерски таблици управувано од 39- годишниот  Д.Н од Ресен.

 

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Ф.Д. по што бил пренесен во Клиничката болница во Битола каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување, информираат од полицијата.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Битола.

 

 

 

 

 

20.10.2017 - 14:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега