Претепан стружанец поради негативни статуси на Фејсбук против Зијадин Села

Боксови и закани за стружанец кој пишувал фејсбук статуси против Зијадин Села. Васко Јолески од невладината „Каприкорн“ Струга синоќа добил смртни закани и повеќе удари во главата од активист на Алијансата за Албанците.

Нападот се случил пред едно струшко кафуле, додека нападнатиот гледал фудбал со другарите, дознаваат од Канал5.

-„Ми се обрати на име Васко дали може да излезиш надовр да те прашам нешто. Излегов надвор веднаш ми беше посочено дека сум пишувал многу  негативно за Алијансата и за Села и дека доколку продолжам да пишувам негативно за него ќе биде многу лошо за мене и ќе ме нема“ , вели Јоески.
Јолески стравува за својот живот, очекува надлежните најбрзо да го расчистат овој настан.

-„Очекувам надлежните за брзо да го расчистат случајот и ке излеземе пред лицето на правдата. Повикот  до надлежните е да се спречат ваквите појави не само во Струга туку во цела Македонија да престане еднаш насилството и да се дозволи секој граѓанин слободно да ја изрази својата волја и убедување“, додава Јолески.

Од  полицијата  го потврдија настанот.

- „Полициската станица од Струга презема мерки за пронаоѓање на засега непознат сторител, кој синоќа околу 22 часот пред угостителски објект во Струга извршил физички напад врз 32 годишен стружанец, информира портпаролот на СВР Охрид“  Стефан Димоски.

Кандидатот за градоначалник на Струга Зијадин Села во телефонскиот разговор за Канал 5 Тв кажа дека немал информација  за немилиот настан.

„Осудувам секакво насилство врз било кого“,  рече Села во краткиот разговор.

Ова не е прв инцидент  во изборна кампања во Струга. И претходно имало зкани и напади, но за прв пат причина за напад е фејсбук статус. 

 

 

 

20.10.2017 - 14:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега