Уште еден малолетник претепан во близина на трговкиот центар Бисер

Уште една пријава за претепан малолетник во Скопје во близина на Трговскиот центар Бисер.

Во извештајот од полицијата се леи дека 47- годишната С.М вчера пријавила дека претходниот ден околу  19 часот и 40 минути на  булевар “Јане Сандански“ во Трговскиот центар Бисер.

Од МВР велат дека нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од страна на повеќе лица кои го удирале со тупаници и железни предмети во пределот на главата и телото.Малолетникот од ударите се здобил со видлива повреда во вид на расекотина на главата и оток и црвенило на рацете и грбот, а напаѓачите избегале во непознат правец.

 

 Полицијата превзема мерки за расветлување на случајот.

 

 

 

 

20.10.2017 - 14:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега