Заев: Можно е ДПА да влезе во Владата

Премиерот Зоран Заев денеска потврди дека вратите на Владата се отворени и за Мендух Тачи. Како што јавува Телевизија24, Заев вели ДПА  е добредојдена доколку ја прифати нивната програма.

- „Јас реков и претходно сите варијанти се отворени, секако ние имаме стабилна Влада со ДУИ, мнозинството во иднина очекувам да расте, ако донесат одлуки дел од помалите партнери во Владата како што е Алијансата ние сме подготвени секако. Една од алтернативите е и ДПА да биде составен дел на Владата“, вели Заев.

Според ТВ24, Тачи лично ветил поддршка на Заев.

 

 

 

20.10.2017 - 20:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега