Трагедија во Македонија: Маж загина во сообраќајка

Дваесет и девет годишниот Н.Н. од Кочани го загуби животот во сообраќајна несреќа која се случила вчеравечер на улицата „Глигор Апостолов Гочо“ во Кочани околу 01 часот и 45 минути.

Од полицијата информираат дека Н.Н. управувајќи автомобил „Форд“ изгубил контрола над возилото, удрил во дрво па во метален сообраќаен знак, по што се превртел.

 

Со тешки повреди возачот бил пренесен во здравствениот дом во Кочани каде починал.

Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата.

 

 

 

 

21.10.2017 - 11:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега