Крвава драма во тетовско - едно момче префрлено во болница

Вчера во полициската станица во село Добарце, 20-годишниот Н.З. пријавил дека истиот ден околу 13 часот десетина непознати лица извршиле насилство врз него, неговиот другар и неговиот братучед.

Тие се наоѓале во Трговски центар „Ремол“, каде биле пресретнати од непознато лице кое го повикало Н.З на разговор во паркингот. Кога излегол на паркингот, непознатото лице веднаш физички го нападнало, удирајќи го со тупаница во пределот на главата. Во тој момент  друго непознато лице го удрило со тврд предмет по главата, а набргу потоа им се приклучиле уште осум непознати лица кои го удирале со тупаници и клоци во пределот на главата и телото. После тоа, Н.З. бил пренесен во Клиничка болница Тетово, каде му биле констатирани телесни повреди.

Полицијата презема потребни мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

21.10.2017 - 13:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега