Ограбен малолетник на Партизанска

Уште еден малолетник ограбен и во Скопје.

Вчера во 18 часот и 45 минути во Полициската станица Карпош, 39- годишната И.T од Скопје пријавила дека истиот ден околу 17 часот  на автобуска постојка на булевар „Партизански Одреди“ две непознати лица извршиле разбојништво над нејзиниот 15-годишен син.

Во полицискиот извештај стои дека сторителите го пресретнале и му побарале пари, по што оштетениот исплашен им ги дал парите што ги имал со себе. Потоа, сторителите побегнале во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

 

21.10.2017 - 14:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега