Тепачка во Скопје - две лица завршиле во болница

Вчера околу 23 часот во Единицата за информации и команда Скопје било пријавено дека на ул. „Христо Татарчев“ бил нарушен Јавниот ред и мир со тепачка помеѓу 39-годишниот М.А. од Скопје од една страна и лицата П.С. и С.М.  од друга страна. Причина за тепачката била расправија околу времето на изведување на градежни работи. По тепачката лицата биле пренесени во Градска општа болница „8-ми Септември“, каде им биле констатирани телесни повреди. П.С. и С.М. биле пуштени на домашно лекување, додека М.А. бил задржан на понатамошно лекување. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

21.10.2017 - 14:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега