Георгиевски: Стајковци ќе добие конкретни решенија за превенција од поплави

Кандидатот за градоначалник на општина Гази Баба од СДСМ, Борис Георгиевски нагласи дека Стајковци досега било запоставено од локалната власт предводена од Тони Трајковски и дека одводните канали не биле чистени, како и дека не постои функционална одводна мрежа. Директна последица од ваквата негрижа, како што рече Георгиевски, се поплавите минатата година.

„Токму затоа новата локална власт во соработка со Град Скопје предвидува конкретни решенија за превенција од поплави.  Прво, ќе изградиме одводен канал на ул. „Антон Велковски“, во должина од 1.200 м, преку кој ќе се слева атмосферската вода. Предвидуваме планско одржување на сите канали на територијата на општина Гази Баба. Буџетот кој сега се одвојува е премал и ние ќе го зголемиме како би имале доволно средства за таа намена“ истакна Герогиевски.

Тој вети целосно покривање на каналот во селото Синѓелиќ, каде, како што рече, ќе се постави нова автобуска постојка, за линијата 45. Просторот ќе биде уреден и со мал плоштад со површина од 2 000 м2, каде што ќе се постават клупи за одмор и рекреација на локалните жители. Со тоа ќе се овозможи и пристап до стадионот
„Фортуна“, за кој е предвидена реконструкција.

Граѓаните на Гази Баба заслужуваат безбедна и модерна општина, а ние имаме конкретен план тоа да го овозможиме. Наскоро ќе ја заокружиме победата и тука. За подобар живот за сите, порача Георгиевски
 

 

 

 

21.10.2017 - 15:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега