Фото: Страшна сообраќајка во Скопје - автомобил се заби во метална ограда, едно лице повредено

Едно лице е повредено откако автомобил „БМВ“ синоќа околу 2:30 часот излета од булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, во близина на Католичка црква.

Од полицијата информираат дека 26 годишниот Д.Б. од Скопје изгубил контрола над возилото, излетал од патот удирајќи во повеќе бетонски столпчиња и метална капија.

Со возило на Итна медицинска помош во ГОБ „Св. Наум Охридски“ повреден бил пренесен сопатникот Х.Ч. (29), но самоволно си заминал од болницата без да му биде извршен лекарски преглед.

 

 

 

22.10.2017 - 12:02
Фото: 
Ѕид на сообраќајниот срам

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега