Апсење на аеродромот во Скопје и граничниот премин „Стар Дојран“

Две апсења на граничните премени во еден ден. 

Првото апсење се случило вчера во 09 часот и 15 минути во близина на напуштената караула „Николиќ“, на местото викано „Метална конструкција“, од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и Граничен надзор „Стар Дојран“  бил приведен 27- годишен Л.А од Република Албанија, кој нелегално ја преминал државната граница.

Тој бил однесен во Полициската станица за Граничен премин „Богородица“ за понатамошна постапка.

Додека второто апсење се случило во 11 часот и 15 минути на Граничен премин Аеродром „Александар Велики“ Скопје, а од слобода бил лишен 23- годишниот Ф.М од Република Италија.
Од МВР известуваат дека тој бил лишен од слобода поради сомнение за фалсификувана  италијанска лична карта и возачка дозвола. Потоа тој бил предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна за понатамошна постапка.
Полицијата превзема мерки за расчистување на двата случаја.
 

 

 

22.10.2017 - 13:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега