Трајковски: Во Гази Баба ќе изградиме ново училиште, дом за стари лица и градинка во Стајковци

Хиподром во минатото памети кои се луѓето кои постојано само ветуваа и лажеа и кои се луѓето што она што го ветуваа на дело го реализираа, ова денеска на средба со граѓаните во Хиподром го истакна кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за Гази Баба, Тони Трајковски.

-Реализиравме голем број на проекти заедно со градот Скопје, градоначалникот на Скопје како и со Владата која беше предводена од ВМРО-ДПМНЕ и од Никола Груевски. Секогаш сме велеле дека само со тимска работа и заеднички ангажман можеме да направиме повеќе. Ние не велиме како нашите противници дека 100 дена се малку дена и не сме велеле дека секогаш сами се ќе направиме, секогаш сме велеле дека  секогаш се правиме со тимот кој бил со нас, така и сега за овие избори со нас имаме тим и она што е препознатливо имаме програма. Мојот против кандидат ниту ја познава населбата Хиподром, ниту општината Гази Баба, тој упорно ветува реконструкција на основното училиште, а јас упорно му велат да дојде на лице место да види дека ова училиште во Хиподром веќе се гради и го започнавме со претседателот Никола Груевски, потенцираше Трајковски.

Тој додава дека иако Владата со ребалансот ги скратила средствата за проектите за основното училиште Крсте Мисирков, домот за стари лица и градинката во Стајковци нема да им дозволат да не се изградат истите.

-Ние планираме и изградба на нова спортска сала, а во програмата на мојот против кандидат спортската сала ја нема. Тој пред граѓаните ветува проекти кои веќе се реализирани или се во фаза на реализирање, па така тој вели дека една улица каде што живее тој ќе ја асфалтирал, а истата веќе е асфалтирана. Тој вели и дека ќе поставел подземни контејнери во Хиподром а истите се поставени од нас. Во делот на екологијата немаат реализирано ниту еден проект иако тие имаат и министри и заменици министри . Мојот против кандидат иако бегаше од дуел тој се појави и него го казнија жителите од Стајковци бидејќи истите го знаат, а казната ја доби и од граѓаните на Хиподром. Партијата на мојот против кандидат нема реализирано ниту еден проект во Гази Баба иако се на власт повеќе од 120 дена, ние за 120 дена изградивме преку 10 километри улици, направивме три нови занимални во градинките за згрижување на нови 70 дечиња и ако се сака 100 дена не се малку, истакна Трајковски.

Трајковски во Хиподром ги потсети жителите дека започнатиот проект за поддршка на изградба на топловодно греење во населбата во реализација на градот Скопје и со ЕЛЕМ нема да дозволат да го прекине оваа власт, бидејќи општината веќе одвоила пари за проектот.

 

 

 

22.10.2017 - 15:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега