Вознемирувачко видео: Автомобил удри во Александар Димушевски на трката „Скопје 2017“

Еден од организаторите на кружната трка во Скопје е сериозно повреден откако беше удрен од еден автомобил. Видео снимката која беше испратена во редакцијата на ТВ21, сведочи за моментот кога еден од учесниците на трката, Урош Бркиќ од Србија, ја губи контролата над своето возило и удира во Александар Димушевски, кој е организатор на трката.

Според информациите Бркиќ и Димушевски се пренесени во Ургентниот центар во Скопје, а еден од нив е во тешка здравствена состојба. Соопштено е дека трката е во прекин и останува знак прашалник дали истата ќе продолжи.

Трката која љубителите на автомобилистот ја чекаа 7 години, сепак остава црна дамка. Видеото кое сега ќе го емитуваме има содржина која може да ги вознемири гледачите.

 

 

 

22.10.2017 - 16:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега