Сите детали за несреќата на вчерашната мото трка: Взачот се фрлил од автомобилот, три лица се повредени

Вчера во 15.00 часот на Меѓународниот кружен натпревар во автомобилизам „СКОПЈЕ 2017“. што се одржа на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје, се случила сообраќајна незгода во која учесникот 30-годишниот У.Б.  од Белград, Република Србија, управувајќи патничко возило „Хонда Цивик“, изгубил контрола над возилото, со предниот десен дел удрил во десниот рабник од булеварот, излегол на десната страна надвор од коловозот, по што удрил во 58-годишниот А.Д. од Скопје.

Откако удрило во А.Д., возилото удрило во метална канделабра за осветлување на коловозот, како и во поставено рекламно пано. На местото на несреќата бил и М.Б. (32) од Белград, Република Србија. Тој, кога забележал дека возилото „Хонда Цивик“ излегло надвор од коловозот, за да избегне удар од возилото се фрлил во тревата.

Од незгодата, со тешки телесни повреди се здобил А.Д., а со телесни повреди се здобиле возачот У.Б. и лицето М.Б.. Тие со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде им била укажана лекарска помош.

По барање на нивни роднини, сите тројца биле пренесени во Приватната болница „Аџибадем Систина“ за понатамошно укажување лекарска помош. Поради природата на повредите, А.Д. бил задржан на понатамошно лекување на Одделението за интезивно лекување, а У.Б. по укажаната лекарска помош бил задржан на понатамошно лекување во болницата. М.Б. бил пуштен на домашно лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител, од возачот У.Б. била земена крв за анализа.

 

 

 

23.10.2017 - 15:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега