Жена од Прилеп ранета додека работела на нива

Околу 15  часот, на излез од селото Кривогаштани, прилепско, кон селото Крушеани, 28-годишната В.П. од Прилеп, додека извршувала земјоделски работи во нива, се здобила со повреда во вратот од огнено ловечко оружје.

Таа во контактибилна состојба, со возило на Итна медицинска помош, била пренесена во Медицински центар Прилеп.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициската станица Прилеп.

Истиот ден во 17.30 часот во Полициската станица Прилеп, под сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, по член 288 од Кривичниот Законик на Република Македонија, биле приведени Х.М. (52) и Г.П. (64) од Република Франција.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

24.10.2017 - 13:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега