Страшна несреќа во Македонија - почина пешак

Седумдесет и двегодишен велешанец утрово загина во сообраќајна несреќа во Демир Капија, информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

– Околу 06:00 часот во Демир Капија на улицата „Партизански одреди“ пред куќен број 84 се случила сообраќајна незгода, при што, патнички автомобил марка „Опел астра“ со неготински регистарски ознаки управуван од 47-годишнбиот М.Н. удрил пешак Б.Т.(72) од Велес, кој се движел на коловозот во ист правец како и автомобилот. Од добиените повреди пешакот починал на местото на настанот, кое е констатирано од страна на екипата за Итна медицинска помош од Неготино, соопшти Додевски.

 

​Во присуство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци увид извршила екипа од Полициската станица Неготино. 

 

 

 

24.10.2017 - 13:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега