Камери ќе ги ловат грешките на возачите - се ќе се снима

Секоја минута по две лица умираат во сообраќајна незгода, годишно повеќе од еден милион лица животот го губат во сообраќајни несреќи, 50 милиони се повредени, па може да се заклучи дека најголемиот убиец на 21 век е брзото и несовесно управување на возилото, пишува Вечер.

 

Едни едуцираат, а други казнуваат, но очигледно ниту тоа не е доволно за да се промени свеста кај граѓаните за ризикот од брзото и несовесно возење. Повеќето европски држави имаат инсталирано систем за видеонадзор на патиштата како и соседна Република Србија, каде од неодамна е инсталиран ваков систем на патиштата, со кој се покажало само два дена минатиот месец 7.820 несовесни возачи кои ја пречекориле максималната брзина од 120 километри на саат помеѓу две наплатни рампи на делницата од автопатот Шид – Шимановац. 

Според информациите до кои дојде „Вечер“, и во Република Македонија во напредна фаза е спроведување на таков проект, од страна на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Претседателот на оваа институција вели дека во план е реализација на ваков проект кој во првата фаза ќе има само едукативна улога, согласно надлежностите на институцијата.

-Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата на својата последна седница донесе одлука за реализација на Проект за следење на состојбата на патиштата со помош на камери. Следејќи ја европската пракса решивме ваков пилот-проект да реализираме и во Македонија, изјавил Стаменковски.

 

 

 

 

 

25.10.2017 - 10:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега