Детали за трагедијата во која загина алпинист во Демир Капија

Чешки алпинист загина кај Демиркаписката клисура, качувајќи се на карпа. Тој паднал од висина од околу 20 метри при што се здобил со тешки телесни повреди.

Министерството за внатрешни работи денеска потврди дека се случила несреќа во која загинал 71-годишниот С.П. од Дечин, Република Чешка.

 

Несреќата е пријавена вчера околу 12 часот во полициската станица во Неготино.

Екипи од полициската станица во Неготино и од Итната медицинска помош излегле на местото на несреќата при што констатирале смрт.

Причина за падот, како што се наведува во соопштението од полиција, е сопствена грешка.

По наредба на јавниот обвинител, телото е однесено во Институтот за судска медицина во Скопје за обдукција.

 

 

 

25.10.2017 - 11:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега