Притвор за насилникот кој се обиде да ја убие сопругата со нож во скопски хотел

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 34-годишниот И.С. од Новален-Косово кој сакаше да ја убие сопругата во хотел.

Како што информираат од полицијата на 22-ри октомври околу 4 часот и 50 минути на улицата „Титовелешка“, во Скопје, во хотел тој се обидел да ја убие својата 39-годишна сопруга  Н.Х. од Рига-Латвија. Насилникот со нож и нанел повеќе расекотини во пределот на главата и телотo, како и  убодна рана во пределот на левата страна на вратот.

На пријавениот му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.

 

 

 

25.10.2017 - 12:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега