Прегазен пешак во Демир Капија починал на лице место

Околу 06 часот и 15 минути било пријавено дека во Демир Капија на улицата „Партизанска“ се случила сообраќајна незгода.

Полицијата информира дека 47-годишниот М.Н. од селото Чифлик–Демир Капија, управувајќи патничко возило „Опел Астра“ со кавадаречки регистерски таблици удрил во пешак.

Се работи за 73-годишниот Б.Т. од Велес кој починал на самото место.

Од страна на лекар од Итна медицинска помош Неготино била констатирана смрт. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полицијата Неготино.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

25.10.2017 - 12:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега