Охриѓанка го измами судот за да плаќа помала алиментација

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 36-годишната Г.Т. од Охрид за „поднесување лажни докази“.

Како што информира МВР, пријавената, во бракоразводна постапка во Основен суд Охрид како доказ употребила исправа за која знаела дека е невистинита со цел да и биде изречена помала сума за издршка на малолетната ќерка.

– Таа пред судот приложила лажен доказ, односно невистинити исплатни листи за месечна нето плата од вкупно 13.000 денари во првите три месеци од оваа година иако знаела дека за истиот период, нејзината плата изнесувала 18.000 денари. Тоа било суштинско во бракоразводната постапка и во пресудата на Основниот суд во Охрид да биде задолжена да исплаќа помал износ за издршка на малолетно дете, соопшти МВР.

 

 

 

25.10.2017 - 13:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега