Скопјанец со шипка го тепал својот татко

Против 33-годишниот скопјанец Ж.Г. е поднесена кривична пријава за телесна повреда при семејно насилство. Тој дома го тепал татка си со шипка.

На 17-ти октомври околу 21 часот на улицата “Каирска“ пред семејниот дом, Ж.Г. го ставил во возило и физички го нападнал неговиот 67-годишен татко, З.Г. Наредниот ден околу 03 часот додека таткото одел кон тоалетот пријавениот станал и повторно физички го нападнал,  со раце и метална шипка, по што му се заканил да не кажува никому и да не излегува од дома.

Таткото успеал да се спаси и да пријави во полиција.

 

 

 

25.10.2017 - 15:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега