Македонски и албански државјанин протерани од Италија за поврзаност со ИД

Италјанските власти протерале еден македонски и еден албански државјанин, поради безбедносни причини.

Двајцата живееле во пристанишниот град Бари и подолг период биле следени од секторот за антитероризам. Според истрагата, двете лица, македонскот државјанин (36) и албанскиот (27), преку социјалните мрежи одржувале контакти со марокански државјанин, претходно уапсен за неговите ставови за Исламска држава.

 

Полицијата исто така ги документрала и контактите и разговорите што тие ги имале со други лица-екстремни имами уапсени во Косово за поврзаност со тероризам.

Во моментот на апсење кај нив се пронајдени и пропаганден антисемитски материјал, како и материјал против Западот.

Двајцата, во придружба на полицијата, биле однесени на аеродром и депортирани во нивните матични земји.

Според италијанското министрство на внатрешни работи, од 1 јануари 2015 година до сега 221 лице се протерани од италијанска територија, поради ризик од тероризам, од кои 83 годинава.

 

 

 

 

25.10.2017 - 15:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега