Сибирски бран од следната недела во Македонија

По невремето што овие денови го погоди Балканскиот Полуостров на самиот почеток од следната недела, во следниот период се очекува Балканот да го зафати сибирски бран и врнежи од снег не само на повисоките места туку и на некои пониски места.

Се очекува и формирање снежна покривка на високите места. Ваква состојба може да се очекува и за Македонија. Според анализите што ги направиле метеоролозите, врнежите што треба да дојдат во сабота, според нив, ќе бидат многу слаби и локални и претежно на северот од нашата држава. Секако, поради продорот на постуден воздух од север на повисоките планини на северот и северозападот од државава, врнежите ќе бидат од снег во вид на провејување. Ќе дува засилен ветер од северен правец, па така температурите на воздухот повторно ќе опаднат и максималните дневни ќе се искачат во интервал од 9 до 17 степени, меѓутоа од доцна попладнето и вечерта ќе опаѓаат и до недела наутро на некои места ќе се спуштат под нулата.

 

 

 

25.10.2017 - 19:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега