Трајковски: Како општина работиме на добрата бизнис клима која придонесе со одлука за градба на новиот центар кој ќе донесе 1000 вработувања

Преку 360 проекти се реализираа во секое населено место во Гази Баба. Заедничка комуникација, постојано на терен, соработка со месните заедници, тоа е нашиот начин на работа. Приоритетите ги дефиниравме заедно со граѓаните, направивме финансиска конструкција и рок на реализација. Гаранција дека ќе ги спроведеме тие проекти е фактот што и она што досега им го ветувавме  е реализирано. Ова во дебатата на МРТ  го истакна кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Гази Баба и актуелен градоначалник, Тони Трајковски.

-Во делот на инфраструктурата покажавме дека работиме интензивно. Ќе продолжиме со изградба на патната инфраструктура. Сите улици во општина Гази Баба ќе бидат асфалтирани. Ќе продолжиме со изградба на фекални канализации. Ќе се инвестира во водоснабдувањето, за сите села и урбаниот дел. Во секое населено место да има безбедно движење на пешаците и велосипедистите. Влезот на Автокоманда ќе се регулира со проширување на булеварот „Александар Македонски“. Ќе продолжиме со поддршка на спортот, ќе се градат нови спортски сали, игралишта, училишни спортски сали, најави Трајковски.

Во Ченто требаше да се изгради ново училиште, потенцира Трајковски, но Владата на Зоран Заев ги скрати средствата од Буџетот за оваа намена. Рече дека нема да дозволи Владата да му запира вака важни проекти и дека ако продолжат со таквиот однос, општината во негова надлежност сама ќе ги реализира истите.

Како општина ќе продолжат да работат за добрата бизнис клима. Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Гази Баба најави дека ќе се гради нов трговски центар во кој ќе се отворат  1000 нови работни места.

-Ќе продолжиме со отварање на нови работни места. За 50 % е намалена невработеноста во Гази Баба последниве 10 години. Вчера беше најавена нова инвестиција изградба на нов деловен комплекс во Скопкси саем. Тоа е доказ дека работевме на привлекување на странски инвестиции минативе години. Станува збор за 300 милиони евра инвестиција и вработување на преку 1000 луѓе. Гази Баба е една од ретките општини која има сертификат за бизнис-пријателска општина. Голем број компании градеа и градат, истакна Трајковски.

 

 

 

25.10.2017 - 23:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега