ДИК го дистрибуира избирачкиот материјал за вториот круг до ОИК

Државната изборна комисија (ДИК) денеска почна со дистрибуција и примопредавање на доверливиот избирачки материјал до општинските изборни комисии (ОИК) за вториот круг од локалните избори што ќе се одржи во недела.

Согласно изборниот роковник, ДИК избирачкиот материјал го предава до ОИК најдоцна во рок од 72 часа пред денот на изборите, а ОИК е должна еден ден пред денот определен за одржување на изборите да го предаде избирачкиот материјал на избирачките одбори.

Вториот круг од локалните избори ќе се одржи во 35 општини.

 

 

 

26.10.2017 - 09:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега