Подгответе се за пресврт во времето- викендот носи многу изненадувања

Времето изутрина ќе биде свежо, а во текот на денот претежно сончево и потопло со слаб северен ветер.

Максималната дневна температура ќе достигне 21 степен.

Во Скопје времето ќе биде сончево со слаб северен ветер. Температурата ќе се движи од 4 до 19 степени.

Утре ќе биде суво и уште потопло преку денот. Ново значително заладување проследено со засилен северен ветер и локален дожд ќе има в сабота. В недела ќе има преодно стабилизирање, а од понеделник повторно се очекува заладување со засилен ветер и врнежи од дожд и снег на планините.

 

 

 

26.10.2017 - 11:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега